Македонија Седумнаесетгодишно момче го фати крстот во водите на реката Вардар

Седумнаесетгодишно момче го фати крстот во водите на реката Вардар

Здравје, среќа…Господ е голем, Господ гледа сè. Да се обедини македонскиот народ и сè најдобро“, порача момчето

Фото: Влада на РСМ

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати крстот од над 150 пријавени верници, откако поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ги освети водите на реката Вардар.

„Здравје, среќа…Господ е голем, Господ гледа сè. Да се обедини македонскиот народ и сè најдобро“, порача момчето.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија

Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици започна во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан. По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството се упати кон мостот „Слобода“.

На чинот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.