Свет Седумнаесет лица загинаа во верижен судир на 56 возила во Кина

Седумнаесет лица загинаа во верижен судир на 56 возила во Кина

Најмалку 17 лица загинаа, а 37 се повредени во верижен судир на 56 возила на магистрала во северна Кина.

Како што јавуваат кинеските медиуми, причина за несреќата се лошите зимски услови.

Спасувачки екипи и кранови се обидуваат да ги одделат возилата, кои се притиснати од ударот.
Годишно во Кина гинат околу 260.000 лица во сообраќајни несреќи.