Видео Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Во петокот вечерта по американско време, седумгодишно девојче преживеало авионска несреќа во една од шумите во Кентаки, САД. Покрај девојчето, во малиот авион имало уште четворица кои не го преживеале падот на леталото, а меѓу нив биле и нејзините родители.

Се верува дека покрај пилотот, со ова семејство летала и бебиситерката. Никој не го чул рушењето на авионот бидејќи паднал во шума близу викенд-населба во која речиси и да немало гости.

Како што јавуваат американските медиуми, девојчето поминало без поголеми повреди.