Македонија Седум системски грешки виновни за падот на „кингерот“

Седум системски грешки виновни за падот на „кингерот“

Седум системски грешки на пилотите придонеле за несреќата во која загинаа претседтелот Борис Трајковски и неговиот тим, соопшти денеска на прес-конференција Омер Кулиќ, претседтел на тимот за испитување на несреќата.
Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле да продолжат со слетување. Авионот не бил одржуван соодветно. „Кингерот“ бил најден во период од еден час по падот, но СФОР не сакале да соработуваат во истрагата. На авионот нема траги од експлозив, односно не станува збор за атентат.

Системските грешки според Кулиќ се однесуваат на обученоста на пилотите да летаат во такви услови какви што владееле тоа утро во Мостар. Кулиќ го презентираше симултаниот лет кој бил направен од Скопје до Мостар со истиот авион од „Кингер“. Од него се утврдило дека пилотите немале доволно информации за големата облачност поради која практично е невозможно безбедно да се слета.

– Сложените временски услови, концетрацијата на облаци се индиректна причина, а не невреме како што беше објавено во првиот извештај. Причините за падот на „кингерот“ се една директна и седум пилотски грешки. Индиректна е и времето, а има и четири внатрешни системски грешки по две во Македонија и во БИХ, недобрата организираност при владата и операторот на авионот, односно СФОР, босанската влада, нашата агенција и нашите власти кои го организирале летот, односно агенцијата која издавала лиценци на пилотите без адекватна обука – вели Кулиќ.