Култура Седум настани за женска недела во Бруталиск

Седум настани за женска недела во Бруталиск

Промоции на книги, работилници, стенд ап, музички и хуманитарни настани се на агендата следната недела во културниот центар во Дебар Маало со кои што се одбележува денот на жената

Илустрација: Бруталиск

Со шест настани за возрасни и еден за деца, КЦ Бруталиск организира тематска недела 04-11 март 2024 низ која посетителите ќе можат да уживаат во содржините посветени на жените.

Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз, овојпат наречен „Женски Квиз“.

Агенда на Женска Недела во Бруталиск:

Вторник 05.03.2024:
Женски квиз – 20ч.

Петок 08.03.2024:

– Осмомартовски Стенд Ап со Софија Ристевска Петрушева – 20ч.

– Holiday Friday
DJ Ivana Dragsic 21h.

Сабота 09.03.2024:

– Бесплатна креативна работилница за деца – 11ч.
Осмомартовски честитки со Доротеј Нешовски

– Промоција на книга : Нејзината песна – 19ч.

– Мала поетска компилација од пет современи македонски поетеси (Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димовска и Будимка Поповска)
по избор на Пандалф Вулкански

– Vanilla Saturday

DJ Disco Ninja – 21ч.

Недела 10.03.2024

– Хуманитарна забава за Леонид и Кара – 20ч.
– Пет различни локални диџеи (DJ Abel x cynn, Lagi, Peteljavashе, Dimchuga, Sexy Marsa, Arzu)