Македонија Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Седници на комисиите за еднакви можности на жените и на мажите и за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржат денеска во Собранието на Република Македонија.

Комисијата за еднакви можности на жените и на мажите ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за еднакви можности на жените и на мажите, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и за односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за судските такси и дополнувањето на Законот за извршување на санкциите, двата во второ читање.