Главна секција Седницата за законот за јазиците Груби ќе ја закаже в среда на...

Седницата за законот за јазиците Груби ќе ја закаже в среда на Денот на албанската азбука

Предлог –законот за употреба на јазиците сега треба да оди во комисијата за европски прашања. Јас комисиската седница ќе ја закажам за 22 ноември, Денот на албанската азбука и очекуваме целата процедура да се заврши и законот да биде изгласан до крајот на оваа година. Со тоа ќе се затвори и последното прашање на Охридскиот рамковен договор, односно од неговиот нормативен дел – рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби, претседател на собраниската комисија за европски прашања на прес-конференција откако пратениците со мнозинство го изглсаа предлог-законот за упореба на јазииците во прво читање.

Како што појасни Груби, за решавање на прашањето на целосната употреба на албанскиот јазик како што бараат албанските партии, ќе биде потребна уставна интервенција, за која Груби рече дека сега не може да се реализира.

Тој изрази надеж дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го сменат ставот и на крајот сепак ќе гласаат за овој закон.

– Искажувам разочарување од пратениците на ВМРО–ДПМНЕ, но се надевам дека и тие ќе ретерираат како што ретерираа граѓаните на локалните избори и дека нема да бидат против – рече Груби.