Свет Свет Се зголемува бројот на жртвите во Пакистан

Се зголемува бројот на жртвите во Пакистан

Бројот на загинатите во експлозијата кај шиитската џамија во Пакистан се зголеми на 22 лица, а повредени се 57.

Одговорноста за нападот во шиитската џамија во пакистанскиот град Парашинар, ја презедоа талибанците.

Во бранот напади во Парашинар, главниот град на областа Курам, во февруари загинаа 130 лица.

Шиитите претставуваат 20 отсто од населението во Пакистан и се мета на напади на бројни вооружени групи, претежно сунити.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф ги осуди нападите и вети дека тероризмот во Пакистан ќе биде искоренет.