Свет Се зголемува бројот на жртвите во Идлиб

Се зголемува бројот на жртвите во Идлиб

Бројот на жртвите во нападот во Сирија, за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје, се зголеми на 72 лица, а меѓу нив има и дваесетина деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Нападот се случи вчера во провинцијата Идлиб, а меѓународната заедница најостро го осуди користењето хемиско оружје, иако сириската војска негираше дека таа го користела.

Бунтовничката група Фатех ал шам најави одмазда за нападот на градот Кан Шеикхун, во провинцијата Идлиб.