Економија Се зголемува бројот на блокирани сметки

Се зголемува бројот на блокирани сметки

Бројот на блокирани сметки кај физичките лица во февруари годинава изнесува 77.569, додека кај правните субјекти блокирани се е 44.933 сметки. Во споредба со претходниот месец, бројот на блокирани сметки кај правните лица се зголемил за 329.

Бројот на блокирани сметки кај физичките лица во февруари годинава во однос на истиот месец лани, кога изнесувал 57.622, е зголемен за 19.947. Кај правните лица тој број лани во февруари изнесувал 42.067 и е зголемен за 2.866.