Економија Се зголемува бројот на домаќинства кои се приклучуваат на гасоводната мрежа во...

Се зголемува бројот на домаќинства кои се приклучуваат на гасоводната мрежа во Куманово

Јавното претпријатие „Куманово гас“ приклучи на гас уште една станбена зграда со 30 станови, информираше директорот на претпријатието, Никола Денковски.

Денковски потенцираше дека со приклучокот на оваа единица, расте бројот на физички лица кои ќе користат природен гас за загревање наредната грејна сезона. Во Куманово, гас користат преку 160 домаќинства од кои 40-тина куќи, останатите се станови

„Неодамна е приклучена колективна зграда на булеварот Октомвриска револуција. Продолжуваме со трендот на позитивно работење како и претходните два квартали и да го зголемуваме бројот на приклучоци,“ рече Денковски.

Во однос на субвенциите кои ги нуди општината за приклучок на гасоводната мрежа и кои изнесуваат 10.000 денари по приклучок, Денковски информираше дека  петнаесетина граѓани ја искористиле субвенцијата.

Тој апелираше до граѓаните да дојдат во просториите на претпријатието, да добијат детални информации како да се приклучат на гас, кои се бенефитите од користењето на овој енегренс, колку ќе заштедат.

Компанијата „Простор“ од Куманово пак, треба да ја изработи проектната документација за проширувањето на мрежата.