Македонија Сè уште е во прекин сообраќајот на обиколницата на Битола, се вози...

Сè уште е во прекин сообраќајот на обиколницата на Битола, се вози низ градот

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Во попладневниот извештај се вели дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, а во западниот дел од земјава на места со остатоци од кашест снег.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има магла и видливоста на патот е од 40 до 50 метри.