Галерија Се урива една од трите „галии“ во Вардар, дел од проектот Скопје...

Се урива една од трите „галии“ во Вардар, дел од проектот Скопје 2014 (фото)

Фото: ФБ страна на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

Еден месец пред локалните избори, на истекот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се пофали на Фејсбук дека урива една од трите „галии“ во реката Вардар кои беа дел од мегаломанскиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“.

„Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата“, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук објавувајќи неколку фотографии од разрушениот објект.

Шилегов е повторно кандидат на коалицијата на СДСМ за градоначалник на Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа независната кандидатка Даниела Арсовска.