Македонија Се укинува електронското полагање на правосудниот испит

Се укинува електронското полагање на правосудниот испит

Фото: Wikipedia

Министерство за правда подготвува предлог-закон за изменување на законот за правосудниот испит за да го усогласи со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити.

„Основна цел на законот е воведување на усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).