Свет Свет Се удавија 12 мигранти кај брегот на Либија

Се удавија 12 мигранти кај брегот на Либија

Дванаесет мигранти се удавија денеска откако нивниот пренатрупан брод се превртел кај брегот на Либија во Средоземно Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Истите извори наведуваат дека се спасени околу 500 лица. Телата во морето ги пронашол бродот „Датило“ на италијанската крајбрежна стража, на околу 60 километри северно од Либија.

Бродот „Датило“ спасил 106 лица од истиот брод, кој речиси половина бил во моментот кога пристигнала помошта.

Вкупно 393 мигранти се спасени денеска во четирите операции на бродот „Датило“. Италијанска крајбрежна стража во друг случај спасила уште 106 мигранти кај јужниот остров Лампедуза.