Свет Се судрија бразилски воени авиони

Се судрија бразилски воени авиони

Два бразилски воени авиони се судрија за време на вежбите за заштита на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Во соопштението на воената морнарица се наведува дека еден авион се урнал во морето, на 20 километри од Рио, а другиот успеал безбедно да слета и покрај оштетувањето.

Пилотот на авионот што се урна успеал навреме да се катапултира и не е повреден.

Во инцидентот, за кој причината засега не е позната, учествувале авиони АФ-1 „небесен сокол“, кои бразилската војска ќе ги користи за патролирање за време на Олимписките игри.