Хроника Се степале ученици во гимназијата во Гостивар

Се степале ученици во гимназијата во Гостивар

Вчера, околу 18.30 часот, во Гостивар, на улицата Живко Брајковски, пред градската гимназија, поголема група ученици физички нападнале 16-годишен ученик од училиштето и Љ.С. (22), кој бил заедно со него.

Двајцата нападнати добиле телесни повреди, по што им е укажана лекарска помош во болницата во Гостивар, од каде биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.