Свет Балкан Се спроведува антитерористичка акција во Истанбул

Се спроведува антитерористичка акција во Истанбул

Полицијата во Истанбул спроведува голема антитерористичка акција, која е насочена против групата Исламска држава и младински структури на Курдската работничка партија (ПКК).

Акцијата во Истанбул истовремено е почната во повеќе квартови на градот, меѓу кои во Окмејдан, Султангази, Сариер и други.

Во операцијата учествуваат повеќе од 500 полицајци, а според полициски извори, оваа антитерористичка акција во Истанбул се спроведува на повеќе од 100 адреси, за кои се верува дека се поврзани со ИД и со курдските бунтовници.

Полицијата е поддржана и од воздух, со хеликоптери. Во неа се вклучени претставници на специјалните сили и на силите за брзо реагирање.