Македонија Зголемен бројот на склучени бракови и на раѓања

Зголемен бројот на склучени бракови и на раѓања

Во последните години постои светски тренд на пораст на бројот на предвремено родени деца

За еден процент е зголемен бројот на живородени деца во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. То број сега изнесува 6.377 живородени деца.

Во третото тримесечје од годинава имало 4.555 умрени лица, што споредено со истиот квартал од минатата година, претставува намалување за 0,7 проценти, а од вкупниот број умрени, 71 се доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1.844 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Во третиот квартал годинава се склучени 4.392 брака, за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 506.