Хроника Се скарале на улица, па се избоделе со нож

Се скарале на улица, па се избоделе со нож

Вчера, околу 19.40 часот, во Скопје, на улицата Љубљанска, додека В.Ќ. (20) и неговиот брат С.Ќ. (23) од Скопје, со патничко возило „голф“ се движеле по еднонасочна улица, се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои почнале вербална расправија, а потоа физички ги нападнале, по што едното лице со нож му нанело расекотини на В.Ќ. на главата и на телото.

Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му е укажана лекарска помош. По преземени мерки, неколку лица се повикани на разговор, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.