Хроника Се скарале кој прв да помине, па го прободел со нож

Се скарале кој прв да помине, па го прободел со нож

Околу 24 часот во Кичево, на улицата 11 Октомври, по расправија за првенство на минување, Ј.М. (24) бил удрен во пределот на стомакот со остар предмет, од лице во возило, по што побегнал од местото на настанот.

Тој веднаш отишол во Итна медицинска помош, од каде, поради сериозноста на повредите, е упатен во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.