Свет Се самозапали жена во Бугарија, четврти случај за еден месец

Се самозапали жена во Бугарија, четврти случај за еден месец

Денеска во Стара Загора, Бугарија, се самозапали жена, што е четврти случај на самозапалување во оваа земја за еден месец.

Директорот на локалната итна служба, Чавдар Попов, изјави дека 32-годишна жена е хоспитализирана со изгореници на 92 проценти од површината на телото и дека шансата да преживее се минимални.