Свет Балкан Се превртеа два брода со мигранти – 33 удавени

Се превртеа два брода со мигранти – 33 удавени

Кај турскиот брег во Егејско Море се превртеле два брода со мигранти. Турските медиуми јавуваат дека 33 лица се удавиле.

Најмалку 22 мигранти настрадале кога бродот што пловел кон грчкиот остров Лезбос се превртел кај турскиот брег. Крајбрежната стража спасила четири мигранти.

Во друг инцидент 11 лица се удавиле, а спасени се тројца мигранти.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на годинава досега се удавиле 374 бегалци кои се обиделе од Турција да стигнат до Грција.