Свет Европа Сè поголем бројот на загинати во железничката несреќа во Германија

Сè поголем бројот на загинати во железничката несреќа во Германија

Причината за судирот на двата воза во Баварија, при кој загинаа најмалку девет лица, сè уште не е позната, соопшти полицијата која отвори истрага.

Меѓу загинатите е и машиновозачот на еден од возовите, додека по другиот сè уште се трага, но се верува дека е меѓу живите.

Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во судир на два воза што се случи утринава во близина на градот Бад Аиблинг, на југот на Германија. Петнаесет лица се во критична состојба, а 40 се тешко повредени.

Во возот имало помалку патници од вообичаено поради тоа што училиштата во тоа подрачје денеска не работат.