Македонија Се подготвува претставка за законот за хонорарци да стигне до Уставен суд

Се подготвува претставка за законот за хонорарци да стигне до Уставен суд

Претставка до Уставниот суд за оспорување на законските решенија за хонорарците подготвуваат дел од синдикатите, невладините организации и граѓанските движења што протестираа против законите за плаќање социјални придонеси за хонорарите.

Во согласност со последните законски измени, дел од хонорарците чии примања се повисоки од минималната плата во земјава се задолжени да плаќаат придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Со законските измени се опфатени договорите за дело, авторските договори, други договори од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичкото лице остварува приход, кој во нето-износ е повисок од износот на минималната плата, која од годинава изнесува 9.590 денари.