Македонија Се подготвува премиера за Меѓународониот ден на театарот

Се подготвува премиера за Меѓународониот ден на театарот

„Хотел помеѓу два света“ од францускиот автор Ерик Емануел Шмит е новата премиера на која почна да работи режисерот Љупчо Георгиевски со актерите на штипскиот Народен театар. Се работи за трагикомедија со романтични примеси, а авторот, моралистот и филозоф Шмит, во основа го поставува прашањето за животот и за смртта.

Ова ќе биде првата премиера во оваа година на Нардониот театар од Штип, од само двата проекта што ќе бидат финансирани од Министерството за култура. Вториот проект, поддржан со државни пари е„Приказни по телефон“, на режисерот Дејан Дамјановски.

Премиерата на „Хотел меѓу два света“ е планирана за 27 март, Меѓународниот ден на театарот.