Економија Се отвора фабрика за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“

Се отвора фабрика за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“

Фабриката за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“ утре ќе почне со прозводство.

Станува збор за приватна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра, а инвеститор е компанијата „Гранд-експорт“ од Скопје. Оваа компанија со години има лидерска позиција и важи за најсигурна, ефикасна и за ефективна продажно-дистрибутивна мрежа со прехранбени производи на македонскиот пазар.

Фабриката се наоѓа во индустриската зона во Марино, во општината Илинден. Производствениот комплекс опфаќа работна површина од 6.000 квадратни метри. Инсталирани се машини, опрема и технологија од најнова генерација, произведени во Германија, Италија, Австрија и во Швајцарија. Целокупниот процес на производство е автоматизиран.

Според капацитетите на почетната линија за производство, „Гранд фудс корпорејшн“ е најголема фабрика за производство на кроасани на Балканот и во поширокиот регион на Југоисточна Европа.