Македонија Се одбележуваат 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Се одбележуваат 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

В недела, на 26 јули, во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.