Македонија Се очекуваат нови поплави во Штип

Се очекуваат нови поплави во Штип

Се очекува големо надоаѓање на реката Брегалница во Штип и да бидат поплавени три населби – 8 Ноември, Чардаклија и Ново Село.

Загрижувачка е и состојбата со браната Калиманци, каде во моментов се излеваат 50 кубни метри вода во секунда.

Во моментов во Штип заседава државниот кризен штаб. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сите градоначалници од источниот регион, како и директорите на јавните претпријатија, прават план и стратегија за справување со ситуацијата.

Се очекува и премиерот Никола Груевски да пристигне во Штип.

Градоначалникот Илчо Захариев ги повика граѓаните да излезат и да се вклучат во правењето насипи.

„Од обилните врнежи од дожд, кои траеја во текот на целата ноќ, повторно пред излевање е браната Мантово. Водостојот е на критично ниво и веќе постои опасност од прелевање. Сите жители на лакавичкиот регион да бидат внимателни и да го следат водостојот на Лакавичка Река, чие ниво се очекува да порасне. Жителите да ги заштитат имотите и стоката“, наведено е во соопштението на Општина Штип.