Свет Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави кандидатурата за претседател на...

Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави кандидатурата за претседател на САД

Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави канидидатурата за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), јавуваат американските медиуми.

Тие тврдат дека Хилари денеска ќе ја објави кандидатурата за изборите што ќе одржат идната година. Извори блиски до поранешната прва дама на Америка информираат дека Клинтон ќе ја објави кандидатурата преку видеопорака што ќе ја пласира на социјалните медиуми. Таа ќе биде кандидатка на Демократската партија, а следната недела ќе отпатува во Њу Хемшир, Ајова, од каде и неофицијално ќе ја почне изборната трка.

Портпаролот на Хилари Клинтон сè уште не ги коментирал овие информации.