Хроника Се обиделе да ограбат куќа додека децата биле сами

Се обиделе да ограбат куќа додека децата биле сами

Непознати маскирани лица вчера околу 13.30 часот на скопската улица Дижонска упаднале во куќа, сопственост на А.И., за да ја ограбат.

Во моментот на разбојништвото, во домот се наоѓале малолетните деца Б.И. (11), Р.И. (13) и Н.И. (16). Разбојниците врзале две од децата во дневната соба, додека третото се заклучило во бањата.

Крадците ги претресле собите, а откако не пронашле пари, ги вклучиле ринглите од електричниот шпорет и ја напуштиле куќата. Откако заминале, детето што се заклучило во бањата излегло и ги одврзало двете деца во дневната соба.

Полицијата изврши увид и трага по сторителите.