Македонија Се намалуваат цени на лекови

Се намалуваат цени на лекови

Цените на 374 генерички лекови и 172 оригинатори се намалени со новото утврдување максимални цени на лекови, кое ќе почне да се применува од 1 април.

– Целта е да се унапреди достапноста на лековите, како и финансиско олеснување за граѓаните, а воедно се остваруваат заштеди и во здравствениот систем и потоа тие средства се пренасочуваат и се искористуваат за инвестиции во самиот здравствен систем – рече министерот за здравство, Никола Тодоров.