Дописници Се намалува водостојот на Охридско Езеро

Се намалува водостојот на Охридско Езеро

Водостојот на Охридско Езеро деновиве постојано се намалува. Тоа е последица на неповолниот хидролошки период, но и на испуштањето на водата преку браната во Струга.

Секоја година овој период се испушта водата од Охридското Езеро во реката Дрим. Со меѓудржавен договор со соседна Албанија, регулирано е како да се постапува и до која кота може водата да се испушти.

Водата се користи за производство на електрична енергија во електраните на Дрим во двете земји, за што се полни вештачкото езеро кај Дебар.

Според метеоролозите, и во наредните денoви, под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време.