Економија Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Во првите три месеци годинава прометот во индустријата е поголем за 9,3 проценти во однос на истиот период лани. Во март, пак, тој бележи пораст од 6,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар истиот период бележи опаѓање од еден процент, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од
8,6 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во март во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 9,2 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 7,2 проценти.