Економија Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 8,7 проценти, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи зголемување од 6,9 проценти покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, прометот во јуни во однос на истиот месец лани бележи пораст кај капитални производи за 21,5 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 проценти.

Прометот во индустријата во првите шест месеци од годината во однос на истиот период лани е поголем за 9,9 проценти.