Македонија Се излеа Вардар во Велес

Се излеа Вардар во Велес

На неколку критични места во Велес, денеска се излеа Вардар, а според Регионалниот центар за справување со кризи, поплавено е во Бавчите кај мостот на Вардар кај Башино Село, во областа Шорка на влезот во градот, во Градскиот парк и месноста Бентот на Вардар над Градскиот парк. Поплавен е и долниот дел од кејот на Вардар од левата страна на Велес и само мал дел од еден угостителски објект, лоциран веднаш до Вардар.

Протекот на вода во Вардар денеска е 194 кубни метри во секунда, што е повеќе споредено со вчерашните 140 кубни метри во секунда.