Македонија Се излеа нафта во Охридско Езеро од брод потонат во каналот Студнечишта

Се излеа нафта во Охридско Езеро од брод потонат во каналот Студнечишта

Во каналот Студенчишта кој се влева во Охридско Езеро, потонал бродот „Мис Стон“ од којшто се излеала нафта, која веќе е стигната до езерото.

Според сведоци, сношти сè било во ред, а утрово била забележана нафтената дамка, што укажува на тоа дека инцидентот се случил во текот на ноќта.

– Веднаш по дојавата за излеаното гориво од бродот, ние се организиравме, обезбедивме пумпи со кои ќе го извлечеме целото гориво од каналот. Нашите екипи се на самото место на настанот и интензивно работат на отстранување на горивото – вели капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијаневски.