Дописници Се чистат речните корита во Општина Дебрца

Се чистат речните корита во Општина Дебрца

Поради обилните дождови во изминатите неколку дена, се интензивираа активностите за чистење на речните корита и канали во Општина Дебрца, особено во населените места.

За првпат по долгогодишен период, од Општина Дебрца пристапија кон пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” од село Белчишта  до вливот во Матицата на Белчишкото Блато.

Активностите завршија со чистење на речното корито во центарот на селото. Од општината велат дека будно се следи ситуацијата со врнежите кои се најавуваат и дека ќе се интервенира соодветно настанатата ситуација.