Македонија СДСМ: Заврши времето кога без консултација на јавноста се спроведуваа штетни проекти

СДСМ: Заврши времето кога без консултација на јавноста се спроведуваа штетни проекти

„За само неколку денови од работата на новата реформска влада, граѓаните веќе ги чувствуваат промените кои носат квалитетен живот за сите. Учениците, наставниците и родителите се ослободени од стресот што им го предизвикуваше непотребното екстерно тестирање“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека завршило времето кога без консултација на граѓаните, на засегнатите страни и на широката граѓанска јавност се носеле штетни и неквалитетни проекти.

„Спроведувањето на зацртаните реформи ќе се одвива посветено, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните, наместо избрзано, насилно и за криминални интереси, како што 11 години тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, се додадва во соопштението на СДСМ.