Македонија СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, Груевски...

СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, Груевски манипулира

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулираат јавноста за да се обидат да создадат нови вештачки поделби, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека Законот за употреба на јазиците е противуставен и може да биде оспорен.

Според СДСМ, „лажните вести се последната очајна стратегија на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Законот за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот 5 од Уставот на Република Македонија и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници, а отвора шанса за изградба на едно општество за сите. Дополнително, за разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ системски ја унапредува употребата на македонскиот јазик“, се додава во соопштението на СДСМ.