Македонија СДСМ: За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние одлуките ќе ги носиме во договор...

СДСМ: За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние одлуките ќе ги носиме во договор со јавноста

Наместо преку тајно преговарање, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, стратешките одлуки ќе се носат преку инклузивен процес, порачува СДСМ во реакција на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија порачува дека на евроинтеграцискиот пат „новата реформска влада предводена од СДСМ ќе ги носи одлуките преку инклузивен процес и сите стратешки прашања ќе се решаваат во конзензус со опозицијата, широката јавност и со граѓанското општество, а ќе бидат конечни на референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните“.