Македонија СДСМ во посета на борците од НОБ

СДСМ во посета на борците од НОБ

Претседателката на градската организација на СДСМ во посета на борците од НОБ

Делегација предводена од претседателката на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска, ја посети скопската организација на Сојузот на борци.

– Негирањето на улогата на НОБ е опасно. Многу грешат оние кои денес сакаат да ја минимизираат улогата на НОБ, како еден од темелите на државноста – рече претседателот на градската организација на борците од НОБ, Трајко Стаматовски.

Куновска пред борците од НОБ ја презентираше програмата со којашто СДСМ достоинствено го одбележува јубилејот 70 години 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје од фашизмот.