Македонија СДСМ: Во 21 век, во училиштата нема греење

СДСМ: Во 21 век, во училиштата нема греење

Lidhja Socialdemokrate e Maqedonisë

Кога се доведува во прашање здравјето на учениците, никој не го интересира дали за тоа е виновна централната власт на ВМРО-ДПМНЕ или локалната на Зијадин Села. Надлежните институции да не си ја префрлуваат одговорноста еден на друг, туку веднаш да го решат овој проблем, побара денеска СДСМ.

„Во неколку основни училишта во Струга е прекината наставата. Нема греење. Неколку дена учениците седеа во студени простории, но од денеска родителите, гневни поради проблемот, не ги пуштаат децата на училиште. Речиси во сите други училишта, учениците следат настава со скратени часови затоа што немаат нафта. Иста е ситуацијата и со детската градинка каде недостигот на нафта го компензираат со електрични греалки. Општината е презадолжена и затоа не можат да се обезбедат пари за огрев на училиштата. Последниве три-четири години, Општина Струга плаќа поголем износ на име камата отколку на име главен долг. Ова се случува во 21 век. Основна потреба е учениците да учат во топли училишта“, стои во соопштението на СДСМ.