Македонија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА во Маврово разговараат за образованието

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА во Маврово разговараат за образованието

Работилницата почна вчера во хотелот Радика, во селото Леуново и е затворена за јавноста

Денеска продолжува средбата на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА во Маврово, за реформите во образованието, организирана од британската тинк-тенк организација „Вилтон парк“ (Wilton Park).

Работилницата почна вчера, во хотелот „Радика“, во селото Леуново и е затворена за јавноста. Работните групи се составени од министерот за образование, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристоски, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и портпаролот на ДПА, Љуан Треси.