Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот и во прв план да ги...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот и во прв план да ги стави интересите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да најде оправдување за убедливиот пораз на локалните избори за кои и тие самите знаат дека се одржаа во фер, слободна и демократска атмосфера, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните по подолго време имаа можност да одлучуваат на фер и регуларни избори, на кои избраа заокружување на промените и живот за сите во Македонија. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став за непризнавање на изборниот процес, во прв план да ги стави интересите на граѓаните и на државата и да даде конструктивен придонес во реформскиот процес што е од суштинско значење за подобар живот за сите граѓани“, велат од владејачката партија.