Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да работат законски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да работат законски

Наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите кои постапуваат законски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните непречено да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митревски направил кривично дело и каква одговорност треба да поднесе, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека „денес, надлежните институции работат независно, професионално во интерес на сите граѓани и во заштита на законите и владеењето на правото.“

„Злоупотребата на државните институции за политички прогон на неистомислениците на Никола Груевски беше одлика на 11-годишното криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.