fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Генералот Сокол Митревски не е криминалец, тој беше на браникот на државата

-

СДСМ со апсењето на Сокол Митревски во 4 часот уринава врши тортура врз политичките неистомисленици и продолжува со политичките хајки врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конфренција Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Генералот Сокол Митревски, кој беше досегашен градоначалник на Општина Ѓорче Петров, ниту е криминалец, ниту сторил нешто за полицијата да се изживува со него и со неговото семејство на ваков начин. Ова е само продолжување притисокот што го врши СДС и понижување на Македонија и на сè што е македонско, и тоа преку државните институции кои се користат како средство за пресметка со политички неистомисленици. Срамно е Митревски да биде јавно понижуван со упад во неговиот дом и да се вознемирува целото негово семејство, а истиот тој упад е организиран од врхушката на СДС, заедно со тие против кои Сокол се бореше во 2001 година – изјави поранешниот градоначалник на општина Аеродром.

Коневски нагласи дека Митревски во 2001 година застанал на браникот на Македонија, дека ѝ има служено на државата и дека се грижел за безбедноста на граѓаните. Според него, апсењето на Митревски е напад врз ВМРО-ДПМНЕ и врз Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...