Македонија СДСМ: Вељаноски и Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта

СДСМ: Вељаноски и Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта

„Трајко Вељаноски и Ѓорге Иванов не смеат противуставно и противзаконски да ги блокираат демократските процеси. Тие се должни, во согласност со Уставот и со законите, да овозможат мирен трансфер на власта“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

Во него се додава дека и во Македонија, како и секаде во светот, формираното парламентарно мнозинство е власт, бидејќи тоа ја одразува мнозинската волја.

„А како и во секоја демократска земја во светот, и во Македонија, според Уставот и законите, партиите по изборите имаат право да го формираат мнозинството, кое има должност да се обиде да ја формира новата влада. Со Никола Груевски и со ВМРО-ДПМНЕ никој не сака да коалицира. Оттука, нови избори не се решение, туку туркање на граѓаните и на Македонија во долга политичка криза со несогледливи последици по економијата и по стабилноста“, се додава во соопштението.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник во Собранието и дека партијата е веќе во опозиција.