Македонија СДСМ: Студентите и професорите јасно кажуваат „не“ за екстерно

СДСМ: Студентите и професорите јасно кажуваат „не“ за екстерно

За какво „посилно знаење и поголема креативност“ со екстерното тестирање говори Никола Груевски, кога овој начин на оценување и испитување на знаењето на учениците и на работата на професорите, се покажа целосно неуспешен во основното и во средното образование, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Никола Груевски.

СДСМ се спротиставува на екстерното тестирање во високото образование, а апелира и за лошите последици од овој проект и во основното и во средното образование.

„Бидејќи Груевски лажно полага големи надежи на дебатата по повод екстерното за студентите, сакаме да потсетиме дека македонската јавност не е наивна. На јавноста добро ѝ е познато дека за Никола Груевски не постои дебата. Студентите, професорите и сите засегнати остро и јасно кажуваат „не“ за екстерно“, стои во реакцијата од СДСМ.