Македонија СДСМ: Со понудата за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните

СДСМ: Со понудата за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните

Со понудата на кандидати за градоначалници, се потврдува дека опозициската партија нема сили и капацитет да се ослободи од криминалот во своите редови и да се извлече од стегите на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на поранешниот технички премиер, Емил Димитриев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека повеќето од кандидатите кои повторно ќе бараат поддршка од граѓаните, за време на своите претходни мандати ги опустошиле општините и ги осиромашиле граѓаните.

„Крадоначалниците“ на ВМРО-ДПМНЕ, како што ги нарекуваат од СДСМ, според владејачката партија, не можат да понудат ништо освен криминал, корупција и неспособност.

„На претстојните локални избори граѓаните ќе го казнат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението на СДСМ.